Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Очекувањата на потрошувачите за веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци се неповолни

петок, 29 октомври 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливоста во октомври 2010 е намален за 3,7 процентни поени во однос на вредноста од претходниот месец.

Намалувањето е резултат на неповолните очекувања за финансиската состојба на домаќинствата, економската состојба на домаќинствата, веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, како и оценката за невработеноста.

Очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето вo следните 12 месеци, во октомври 2010 се понеповолни во споредба со очекувањата од претходниот месец.

Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, во октомври 2010 се понеповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, како и во однос на очекувањата од октомври 2009 година.

Во октомври 2010 година домаќинствата оцениле дека економската состојба нa државата, како и невработеноста за следните 12 месеци, ќе бидат понеповолни во споредба со нивната оценка од септември 2010.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 650

е-пошта:  aneta.nikolova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика