Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Анкета за мислењето на потрошувачите, ноември 2010
вторник, 30 ноември 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливост во ноември 2010 е зголемен за 1,5 процентен поен во однос на вредноста од претходниот месец.
Зголемувањето е резултат на поволните очекувања за финансиската состојба на домаќинствата, веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, како и оценката за невработеноста.
Очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, во ноември 2010 се незначително зголемени во споредба со очекувањата од претходниот месец.
Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, во ноември 2010 се поповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, додека пак понеповолни во однос на очекувањата од ноември 2009 година.
Во ноември 2010 година домаќинствата оцениле дека економската состојба на државата за следните 12 месеци ќе биде понеповолна во споредба со нивната оценка од октомври 2010, додека пак оценката за невработеноста за следните 12 месеци е поповолна.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 650
е-пошта:
aneta.nikolova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика