Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Анкета за мислењето на потрошувачите, декември 2010

вторник, 28 декември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливост во декември 2010 е зголемен за 6.65 процентни поени во однос на вредноста од претходниот месец.

Зголемувањето е резултат на поволните очекувања за општата економска состојба на државата, веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, како и оценката за невработеноста.

Очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето вo следните 12 месеци, во декември 2010 се значително зголемени во споредба со очекувањата од претходниот месец.

Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, во декември 2010 се понеповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, како и во однос на очекувањата во декември 2009 година.

Во декември 2010 година домаќинствата оцениле дека економската состојба во државата во следните 12 месеци ќе биде поповолна во споредба со нивната оценка од ноември 2010, како и оценката за невработеноста.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 750

е-пошта:  natalija.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика