Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Анкета за мислењето на потрошувачите, јануари 2011
понеделник, 31 јануари 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливост во јануари 2011 е намален за 3.22 процентни поени во однос на вредноста од декември 2010.
Намалувањето е резултат на неповолните очекувања за општата економска состојба на државата, веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, како и оценката за невработеноста.
Очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, во јануари 2011 се понеповолни во споредба со очекувањата од декември 2010.
Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, во јануари 2011 се малку поповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, додека понеповолни во однос на јануари 2010 година.
Во јануари 2011 година домаќинствата оцениле дека економската состојба во државата, како и невработеноста, во следните 12 месеци ќе бидат понеповолни во споредба со нивната оценка од декември 2010.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 750
е-пошта:
+389 2 3295 750
|
© Државен завод за статистика