Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Анкета за мислењето на потрошувачите, март 2011

среда, 30 март 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливост во март 2011 е намалена за 5.3 процентни поени во однос на вредноста од претходниот месец.

Намалувањето е резултат на неповолните очекувања за финансиската состојба на домаќинствата, како и очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во наредните 12 месеци.

Очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, во март 2011 се понеповолни во споредба со очекувањата од претходниот месец. Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, во март 2011 се понеповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, како и во однос на март 2010 год.

Во март 2011 година, домаќинствата оцениле дека економската состојба во државата, како и невработеноста, во следните 12 месеци ќе бидат понеповолни во споредба со нивната оценка од претходниот месец.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 750

е-пошта:  natalija.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика