Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Анкета за мислењето на потрошувачите, април 2011

петок, 29 април 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливост во април 2011 е зголемен за 1.09 процентен поен во однос на вредноста од претходниот месец.

Зголемувањето е резултат на поволните очекувања за финансиската состојба на домаќинствата, како и очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во наредните 12 месеци.

Очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, во април 2011 се поповолни во споредба со очекувањата од претходниот месец.

Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, во април 2011 се поповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, додека тие се понеповолни во однос на април 2010 година.

Во април 2011 година домаќинствата оцениле дека економската состојба во државата е поповолна во споредба со претходниот месец, додека очекувањата за невработеноста во следните 12 месеци се понеповолни во споредба со нивната оценка од претходниот месец.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 750

е-пошта:  natalija.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика