Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, четврто тримесечје од 2021 година

понеделник, 28 февруари 2022


Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Во четвртото тримесечје од 2021 година, во споредба со третото тримесечје од 2021 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2.3 %, трошоците за материјали за 2.1 %, а трошоците за вработените за 2.8 %.

Во четвртото тримесечје од 2021 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2020  година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 17.9 %, трошоците за материјали за 23.0 % и трошоците за вработените за 8.1 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика