Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, четврто тримесечје од 2015 година

петок, 04 март 2016


Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за
преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при
изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на
податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се
градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите
при склучувањето на градежните договори.


Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2015 година, трошоците
во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за четвртото
тримесечје од 2014 година, се пониски за 2.6%.


Во четвртото тримесечје од 2015 година, во споредба со третото тримесечје од 2015 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0.3%, трошоците за материјали се
пониски за 0.4%, а трошоците за вработените се повисоки за 2.3%.


Во четвртото тримесечје од 2015 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2014 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 2.6%, трошоците за материјали се
пониски за 4.5%, а трошоците за вработените се повисоки за 2.5%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 758

е-пошта:  apostol.simovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика