Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, второ тримесечје од 2016 година
понеделник, 05 септември 2016
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на изградбата на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во пресметките при склучувањето на градежните договори.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2016 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за второто тримесечје од 2015 година, се пониски за 2.7%.
Во второто тримесечје од 2016 година, во споредба со првото тримесечје од 2016 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2.0%, трошоците за материјали за 1.3%, а трошоците за вработените за 3.5%.
Во второто тримесечје од 2016 година, во споредба со второто тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 2.7%, трошоците за материјали се пониски за 5.5%, а трошоците за вработените се повисоки за 4.9%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика