Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, второ тримесечје 2011 година

среда, 31 август 2011


Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или следење на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.
 
Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2011 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за второто тримесечје од 2010 година, се повисоки за 1.0%.
 
Во второто тримесечје од 2011 година, во споредба со првото тримесечје од 2011 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1.4%, трошоците за материјали се на исто ниво, а трошоците за вработените се повисоки за 4.8%.
 
Во второто тримесечје од 2011 година, во споредба со второто тримесечје од 2010 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1.0%, трошоците за материјали се повисоки за 0.3%, а трошоците за вработените се повисоки за 2.5%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 758

е-пошта:  apostol.simovski@stat.gov.mk  lefterija.kalevska@stat.gov.mk
  




© Државен завод за статистика