+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, трето тримесечје од 2012 година

среда, 05 декември 2012


Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за
преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при
изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на
податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се
градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите
при склучувањето на градежните договори.


Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2012 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за третото тримесечје
од 2011 година, се повисоки за 1,1%.


Во третото тримесечје од 2012 година, во споредба со второто тримесечје од 2012 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 1,1%, трошоците за материјали се
пониски за 2,1%, а трошоците за вработените се повисоки за 1,1%.


Во третото тримесечје од 2012 година, во споредба со третото тримесечје од 2011 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,1%, трошоците за материјали се
повисоки за 0,6%, а трошоците за вработените се повисоки за 2,2%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 858

е-пошта:  lefterija.kalevska@stat.gov.mk  apostol.simovski@stat.gov.mk
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика