+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, април 2022 година

среда, 15 јуни 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2022 година, во однос на април 2021 година, изнесува 113.3.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 19.3 %, Капитални производи за 7.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 24.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13.1 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2022 година, во однос на март 2022 година, изнесува 93.7, додека во периодот јануари-април 2022 година, во однос на периодот јануари-април 2021 година, изнесува 115.9.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2022 година, во однос на април 2021 година, изнесува 115.9.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14.8 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 19.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 19.6 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 13.0 %. 

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2022 година, во однос на март 2022 година, изнесува 98.3, додека во периодот јануари-април 2022 година, во однос на периодот јануари-април 2021 година, изнесува 115.6.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2022 година, во однос на април 2021 година, изнесува 112.5.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 21.0 %, Капитални производи за 7.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 23.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.1 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2022 година, во однос на март 2022 година, изнесува 92.6, додека во периодот јануари-април 2022 година, во однос на периодот јануари-април 2021 година, изнесува 115.7.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика