Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, мај 2024 година

петок, 12 јули 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, изнесува 73.3.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14.6 %, Капитални производи за 43.2 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.6 %. Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2024 година, во однос на април 2024 година, изнесува 95.9, додека во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 87.3.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, изнесува 93.1.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, бележи  опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 18.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 6.1 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2024 година, во однос на април 2024 година, изнесува 95.8, додека во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 100.2.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, изнесува 68.2.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15.2 %, Капитални производи за 44.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.4 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.5 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2024 година, во однос на април 2024 година, изнесува 95.8, додека во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 83.9.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389295666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика