Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало во ноември 2024 година, во
споредба со ноември 2023 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со
храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 1.2 %, а реално опаѓа за 4.5 %, Трговија на мало со непрехранбени
продукти, освен гориво номинално е зголемена за 2.9 %, а реално опаѓа за 0.1 % и Трговија на мало, освен трговија со
горива номинално е зголемена за 2.0 %, а реално опаѓа за 2.4 %. Во групата Трговија на мало со автомобилски горива
е зголемена само реалната стапка, и тоа за 6.0 %, додека номиналната стапка опаѓа за 0.9 %.
Од 2024 година месечните индекси за прометот во трговијата се пресметуваат со нова базна година 2021 = 100. Сите
индекси што се објавени претходно со базата 2015 = 100 се преработени со новата базна година и објавени во базата
МАКСТАТ.