Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Внатрешна трговија


Индекси на прометот во секторот Трговија, јануари 2025 година

петок, 28 февруари 2025


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало во  јануари 2025 година, во споредба со јануари 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 2.2 %, а реално опаѓа за 3.4 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво е зголемена номинално за 5.1 %, а реално за 2.1 %, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 3.7 %, а реално опаѓа за 0.7 % и Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена номинално за 2.8 %, а реално за 1.7 %.

Од 2024 година, месечните индекси за прометот во трговијата се пресметуваат со нова базна година 2021 = 100.  Сите индекси што се објавени претходно со базата 2015 = 100 се преработени со новата базна година и објавени во базата MакСтат.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389295666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика