Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Внатрешна трговија


Промет во трговијата на мало по производи, 2013

среда, 10 декември 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на мало по производи, во 2013
година изнесува 125 173 188 илјади денари.


По групи на производи, најголем промет од 25.8% е остварен во групата „Трговија на мало со автомобилски
горива и мазива“, потоа во групата „Други на друго место во номенклатурата неспоменати производи“ 11.3%,
во групата „Трговија на мало со козметички и тоалетни производи“ 4.1%, во групата „Трговија на мало со аудио
и видеоопрема и телекомуникациска и информатичка опрема“ 3.9%, во групата „Трговија на мало со млечни
производи“ 3.7%, во групата „Трговија на мало со тутунски производи“ 3.7%, во групата „Трговија на мало со
пекарски производи“ 3.6%, во групата „Трговија на мало со овошје и зеленчук“ 3.2% итн.


Гледано по производи, поголем промет е остварен кај следниве производи: пури, цигарилоси и цигари од
тутун и замена за тутун, надворешни гуми, пневматски гуми за моторни возила, бои и лакови врз база на
полимери, делови и прибор за друмски моторни возила, печатени весници, печатени книги, моторен бензин,
компјутерски машини и нивни делови и прибор и други производи.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 656

е-пошта:  slavka.stojanovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика