Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Внатрешна трговија


Промет во трговијата на големо по производи, 2013

среда, 10 декември 2014


Прометот во трговијата на големо по производи во 2013 година изнесува 147 241 830 илјади денари.
По групи на производи, најголем промет од 37.1% е остварен во групата „Трговија на големо со цврсти, течни
и гасовити горива и слични производи“, потоа во групата „Трговија на големо со фармацевтски производи“
12.1%, во групата „Други на друго место неспомнати производи“ 7.3%, во групата „Трговија на големо со шеќер,
чоколада и зашеќерени производи“ 3.1%, во групата „Tрговија на големо со други прехранбени производи
неспомнати на друго место“ 2.8%, во групата „Трговија на големо со алкохолни пијалаци“ 2.7%, во групата
„Трговија на големо со месо“ 2.6%, во групата „Tрговија на големо со месни производи“ 2.6%, во групата
„Трговија на големо со дрва, градежен материјал и санитарна опрема“ 2.4% итн.
Гледано по производи,во рамките на групите со најголемо учество, поголем промет е остварен кај следниве
производи: гасни масла, пури, цигарилоси, цигари од тутун и замена за тутун, делови и прибор за друмски
моторни возила, компјутерски машини и нивни делови и прибор, мобилни телефони, пиво итн.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 656

е-пошта:  slavka.stojanovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика