Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Внатрешна трговија


Промет во трговијата на големо по производи, 2015

понеделник, 12 декември 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на големо по производи во 2015
година изнесува 164 260 717 илјади денари.


По групи на производи, најголем промет од 26.8% е остварен во групата „Трговија на големо со цврсти, течни
и гасовити горива и слични производи“, потоа во групата „Други на друго место неспомнати производи“ 9.1%,
во групата „Трговија на големо со фармацевтски производи“ 9.0%, во групата „Трговија на големо со шеќер,
чоколада и зашеќерени производи“ 4.3%, во групата „Tрговија на големо со други прехранбени производи
неспомнати на друго место“ 3.8%, во групата „Трговија на големо со сокови, минерална вода, освежителни
пијалаци и други безалкохолни пијалаци“3.4%, во групата „Трговија на големо со железна стока, цевки, уреди
и опрема за водовод и централно греење“ 2.9%, во групата „Трговија на големо со парфеми и козметика“ 2.7%,
во групата „Трговија на големо со алкохолни пијалаци“ 2.6% итн.


Гледано по производи, во рамките на групите со најголемо учество, поголем промет е остварен кај следниве
производи: гасни масла, патнички возила, моторен бензин, лекови и медицински алкохол, козметички средства,
компјутерски машини и нивни делови и прибор, мобилни телефони, пиво, итн.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика