Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Структура на земјоделските стопанства


Структурно истражување за земјоделските стопанства, 2013
- претходни податоци -


вторник, 28 јануари 2014


Во согласност со Регулативата на ЕК број 1166/2008, во периодот од 1 до 20 јуни 2013 година, Државниот завод
за статистика го спроведе структурното истражување за земјоделските стопанства.


Структурното истражување за земјоделските стопанства е едно од основните статистички истражувања во
областа на земјоделството кое обезбедува споредливи податоци за земјоделските стопанства.


Според податоците од истражувањето, вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија
изнесува 170 885. Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1.85 хектари земјоделско земјиште и има
2.14 добиточни единици.


Вкупно користеното земјоделско земјиште од страна на земјоделските стопанства изнесува 315 863 хектари, а
од вкупниот број на стопанства, 58.2% користат до 1 хектар земјоделско земјиште.


Земјоделските стопанства имаат вкупно 365 868 добиточни единици, додека 56.5% од вкупниот број на
стопанства одгледуваат добиток, живина и пчелни семејства.


Во Република Македонија просечно има 0.5 трактори по стопанство, од кои поголемиот дел се двоосовински
трактори.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  tatjana.stojanovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика