Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Структура на земјоделските стопанства
Структурно истражување за земјоделските стопанства, 2016
- претходни податоци -
понеделник, 30 јануари 2017
Во согласност со Регулативата на ЕК број 1166/2008, во јуни 2016 година Државниот завод за статистика го спроведе Структурното истражување за земјоделските стопанства. Структурното истражување за земјоделските стопанства е едно од основните статистички истражувања во областа на земјоделството кое се спроведува на секои три години и обезбедува споредливи податоци за земјоделските стопанства. Според податоците од истражувањето, вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија изнесува 178 125. Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1.8 хектари земјоделско земјиште и има 2.1 добиточни единици. Вкупното користено земјоделско земјиште од страна на земјоделските стопанства изнесува 320 738 хектари, а од вкупниот број на стопанства, 60.8% користат до 1 хектар земјоделско земјиште. Земјоделските стопанства имаат вкупно 381 361 добиточна единица. Од техниките на ѓубрење, 37.9% од земјоделските стопанства користат нанесување на ѓубривото без заорување во почвата, додека од методите на наводнување, најчесто користен е методот на површинско наводнување.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика