Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Структура на земјоделските стопанства


Структурно истражување за земјоделските стопанства, 2010

четврток, 30 декември 2010


Во согласност со Регулативата број 1166/2008 на ЕУ, Државниот завод за статистика за првпат го спроведе структурното истражување за земјоделските стопанства во периодот од 1 до 15 јуни 2010 година.

Структурното истражување за земјоделските стопанства е едно од основните статистички истражувања во областа на земјоделството кое обезбедува споредливи податоци за земјоделските стопанства.

Споредливите статистики за структурата на земјоделските стопанства се неопходни за одредување на развојните правци на земјоделството и основа за креирање на правилни политики од областа на земјоделството.
Според податоците од истражувањето, вкупниот број на индивидуални земјоделски стопанства изнесува 192 082 кои користат 282 830 хектари земјоделско земјиште. Просечната површина на користеното земјоделско земјиште по стопанство изнесува 1.47 хектари.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  tatjana.stojanovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика