Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Склучени и разведени бракови во Република Македонија во 2013 година - дефинитивни податоци

среда, 11 јуни 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2013 година, во споредба со претходната година, е намален за 0.1% и изнесува 13 982 склучени брака.


Најмногу бракови во текот на годината се склучени во месец август 11.9%, а најмалку во месец април 5.0%.


Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.0% за жените и 90.2% за мажите.


Во втор брак со учество од 9.1% и трет брак со учество 0.7%,во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.
Просечната возраст при склучување на прв брак е 25.8 години за невестата и 28.6 години за младоженецот.


Бројот на разводи во 2013 година бележи зголемување од 6.2% во споредба со 2012 година и изнесува 2 045 разведени брака.


Најмалку бракови во текот на годината се разведени во месец август 2.4%, а најмногу во месец декември 10.0%.


Според возраста на сопругата најголем број на разводи, 19.5% се случиле во старосната група од 35-39 години, a за сопругот во старосната група од 30-34 години со учество од 19.1%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 616

е-пошта:  ace.pavlovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика