Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Население
Склучени и разведени бракови во 2010 година
четврток, 09 јуни 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2010 година, во
споредба со претходната година, е намален за 5.1% и изнесува 14 155 склучени бракови.
Најмногу бракови во текот на годината се склучени во август (10.9%), а најмалку во март (5.4%).
Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.9% за жените и 90.5% за мажите.
Во втор и трет брак почесто стапуваат мажите со учество од 8.7% и 0.8% во вкупниот број на склучени
бракови.
Просечната возраст при склучување на прв брак е 25.2 години за невестата и 28.0 години за
младоженецот.
Бројот на разводи во 2010 година бележи зголемување од 33.6% во споредба со 2009 година и изнесува
1 720 разведени бракови.
Најмалку бракови во текот на годината се разведени во август (2.7%), а најмногу во декември (11.0%).
Најголем број разведени бракови (19.5%), според возраста на сопругата, се случиле во старосната група од
25 до 29 години, а за сопругот (18.8 %) во старосна група 35-39 години.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 616
е-пошта:
ace.pavlovski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика