Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2011 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 4.1% и изнесува 14 736 брака.
Најмногу бракови во текот на годината се склучени во август 12.0 %, а најмалку во март 5.5%. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.9% за жените и 91.6 % за мажите.
Во втор брак со учество од 8.2% и во трет брак со учество 0.7% во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.
Просечната возраст при склучување на прв брак е 25.4 години за невестата и 28.3 години за младоженецот.
Бројот на разводи во 2011 година бележи зголемување од 1.9% во споредба со 2010 година и изнесува 1 753 разведени бракови.
Најмалку бракови во текот на годината се разведени во август 3.0%, а најмногу во ноември 10.6%.
Најголем број на разведени бракови, според возраста на сопругата, 19.5%, се случиле во старосната група од 30 до 34, а за сопругот, 20.1%, во старосната група од 35 до 39 години.