Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Структура на земјоделските стопанства
Типологија на земјоделските стопанства
четврток, 03 март 2011
Државниот завод за статистика за првпат воспостави типологија на земјоделските стопанства согласно со Европската
регулатива број 1242/2008, која е единствена класификација на земјоделските стопанства во Европската унија.
Класификацијата на земјоделските стопанства е заснована врз типот на земјоделското производство и врз економската
големина на земјоделското стопанство, при што се користени коефициенти на стандардната вредност на производството
и структурни податоци од Пописот на земјоделството во 2007 година.
Од вкупниот број класификувани земјоделски стопанства, 58.2% се класификувани во првата класа - до 2000 евра.
Од вкупно 192 675 земјоделски стопанства, најголем дел - 42 192 стопанства се специјализирани за производство
на полјоделски култури, додека најмал дел - 7 760 земјоделски стопанства се специјализирани за одгледување на
домашни животни што се хранат со семе и зрнеста храна.
Индивидуалните земјоделски стопанства учествуваат со 86.9% во формирањето на вкупната стандардна вредност
на производството.
Најголемо учество во формирањето на вкупната стандардна вредност на производството имаат земјоделските
стопанства специјализирани за мешано растително-добиточно производство со 21.4%, додека најмало учество имаат
земјоделските стопанства специјализирани за полјоделски култури со 6.7%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 653
е-пошта:
dejan.stankov@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика