Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, 57 853 пазарноориентирани деловни субјекти
активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности оствариле вкупен
промет од 1 307 934 милиони денари и додадена вредност од 282 158 милиони денари. За ангажираните 387 938
вработени лица, издвоени биле 157 715 милиони денари. Во однос на претходната година, забележано е намалување
на бројот на вработените за 3.2 %, прометот за 5.7 % и бруто додадената вредност за 6.0 %.
Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 41.7 %, а по него следат секторот
Преработувачка индустрија со 28.4 %, Градежништво со 7.1%, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и
климатизација со 7.0 % и секторот Транспорт и складирање со 5.3 %.
Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 28.7 %, следен
од секторот Трговија на големо и на мало со 23.8 %. Значително учество има секторот Градежништво (9.9 %), додека
секторoт Информации и комуникации создава 9.0 % од вкупната додадена вредност.
Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени
(90.6 %), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 31.8 % од вкупно вработените, тие
создале 21.6 % од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија со учество од само 0.3 % и со ангажирани
26.1 % од вработените создаваат 32.1 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа,
главно, во секторот Преработувачка индустрија (14.0 %). Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните
претпријатија (со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 42.1 % од вработените и создадоа 46.3 % од вкупната додадена
вредност во деловниот сектор.