Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Структурни деловни статистики


Структурни деловни статистики, 2021 година - претходни податоци

понеделник, 31 октомври 2022


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, 66 182 пазарноориентирани деловни субјекти активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности1) оствариле вкупен промет од 1 627 737 милиони денари и додадена вредност од 336 602 милиони денари. За ангажираните 441 734 вработени лица, издвоени биле 174 560 милиони денари.

Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 39.4 %, а по него следат секторот Преработувачка индустрија со 26.9 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 8.2 %, Градежништво со 6.4 % и секторот Транспорт и складирање со 5.2 %.

Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 27.1 %, следен од секторот Трговија на големо и на мало со 23.0 %. Значително учество имаат секторот Градежништво и Информации и комуникации кои создаваат по 8.7 % од вкупната додадена вредност.

Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90.9 %), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 35.1 % од вкупно вработените, тие создале 22.1 % од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија со учество од само 0.2 % и со ангажирани 24.1 % од вработените создаваат 31.0 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа, главно, во секторот Преработувачка индустрија (13.7 %). Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија (со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 40.7 % од вработените и создадоа 46.9 % од вкупната додадена вредност во деловниот сектор..






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика