Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Структурни деловни статистики


Структурни деловни статистики, 2021 година - дефинитивни податоци

петок, 09 јуни 2023


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, 66 363 пазарноориентирани деловни субјекти
активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности1) оствариле вкупен
промет од 1 642 832 милиони денари и додадена вредност од 345 205 милиони денари. За ангажираните 443826
вработени лица биле издвоени 175 581 милион денари.
Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 39.7 %, а по него следат секторот
Преработувачка индустрија со 26.8 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 8.0 %,
Градежништво со 6.3% и секторот Транспорт и складирање со 5.2 %.
Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 26.5 %, следен
од секторот Трговија на големо и на мало со 22.6 %. Значително е учеството на секторите Градежништво со 8.7 %,
Информации и комуникации со 8.5% и Транспорт и складирање со 7.3 % во вкупната додадена вредност.
Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90.9%),
најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 35.1 % од вкупно вработените, тие создале
21.7 % од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија со учество од само 0.2 % и со ангажирани 24.2% од
вработените создаваат 31.7 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа, главно, во
секторот Преработувачка индустрија (13.4 %). Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија
(со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 40.8 % од вработените и создадоа 46.6 % од вкупната додадена вредност
во деловниот сектор.
 
1) Во согласност со новото европско законодавство за деловната статистика, односно според Регулативата (ЕУ) 2019/2152 на Европскиот парламент и на
Советот од 27 ноември 2019 година за европска деловна статистика и укинувањето десет правни акти од областа на деловната статистика, структурните
статистики на компаниите сега ја вклучуваат целата област И - Финансиски и осигурителни услуги и областа М - Образование, Н - Здравствена и социјална
заштита, Њ - Уметност, забава и рекреација, како одделот S96 - Други лични услужни дејности според НКД, рев. 2.
Во дефинитивните податоци за 2021 година, податоците за секторот И не се достапни. Поради новите набљудувани активности во 2021 година, податоците
се споредливи само за истите области.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика