Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Структурни деловни статистики


Структурни деловни статистики, 2023 година - претходни податоци

понеделник, 14 октомври 2024


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, 68 004 пазарноориентирани деловни субјекти,
активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности1), оствариле вкупен
промет од 2 078 605 милиони денари и додадена вредност од 445 041 милион денари. За ангажираните 433 008
вработени лица, издвоени биле 229 053 милиони денари.
Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 39.1 %, а по него следат секторот
Преработувачка индустрија со 25.7 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 9.1 %,
Градежништво со 6.3 % и секторот Транспорт и складирање со 5.1 %.
Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 25.9 %, следен
од секторот Трговија на големо и на мало со 20.8 %. Значително учество имаат секторот Информации и комуникации,
кој создава 9.1 % и секторот Градежништво, кој создава 8.6 % од вкупната додадена вредност.
Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени
(91.5 %), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 33.4 % од вкупно вработените, тие создале
22.5 % од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија, со учество од само 0.2 % и со ангажирани 26.7 % од
вработените, создаваат 32.4 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа, главно, во
секторот Преработувачка индустрија (13.3 %). Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија
(со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 39.9 % од вработените и создадоа 45.1 % од вкупната додадена вредност
во деловниот сектор.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика