Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Структурни деловни статистики


Структурни деловни статистики, 2014 -претходни податоци-

петок, 30 октомври 2015


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во 2014 година, во рамките на структурните
деловни статистики се анализирани 53 238 деловни субјекти со 345 709 вработени лица, во кои е остварен
вкупен промет од 992 592 милиони денари и e создадена додадена вредност од 209 468 милиони денари.
Најголем број од претпријатијата припаѓаат на секторот Трговија на големо и на мало (43.0%), со 26.4%
од вкупниот број на вработени и реализирани 43.7% од вкупниот промет. Како втор по значење, секторот
Преработувачка индустрија учествува сo 13.2% од претпријатијата, 31.0% од вработените и 25.5% од вкупниот
промет.
Во вкупната додадена вредност, пресметана според факторот на трошок, во 2014 година, најголемо учество
имаат претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија (26.8%) и секторот Трговија на големо и на мало
(23.5%).
Во однос на големината, во 2014 преовладуваат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90.7%).
Во нив се ангажирани 33.3% од вкупно вработените кои, пак, создале 23.2% од вкупната додадена вредност.
Од друга страна, во големите претпријатија (0.3%) се ангажирани 24.4% од вкупниот број на вработени, со
остварени 34.5% од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.
Структурни деловни статистики, 2014
-претходни податоци-
Structural business statistics, 2014
-preliminary





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 680

е-пошта:  snezana.sipovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика