Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Структурни деловни статистики
Структурни деловни статистики, 2014
-дефинитивни податоци-
понеделник, 07 март 2016
Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во 2014 година, во рамките на структурните деловни статистики се анализирани 53749 деловни субјекти со 353 312 вработени лица, во кои е остварен вкупен промет од 1 012 301 милиони денари и e создадена додадена вредност од 213 205 милиони денари. Секторот Трговија на големо и на мало има најголемо учество во вкупниот број на претпријатија, 43.0%, ангажира 26.2% од вкупно вработените и реализира 43.7% од вкупниот промет. Секторот Преработувачка индустрија, иако учествува сo 13.2% во вкупниот број на претпријатија, ангажира најголем дел од вработените, 30,7%, кои, пак, реализираат 25.2% од вкупниот промет. Во вкупната додадена вредност, пресметана според факторот на трошок, во 2014 година, најголемо учество имаат претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија (26.7%) и од секторот Трговија на големо и на мало (23.6%). Во однос на големината, во 2014 преовладуваат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90.7%). Во нив се ангажирани 32,9% од вкупно вработените кои, пак, создале 22,9% од вкупната додадена вредност. Од друга страна, во големите претпријатија (0.3%) се ангажирани 25,0% од вкупниот број на вработени со остварени 34.8% од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 680
е-пошта:
snezana.sipovic@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика