Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Структурни деловни статистики


Структурни деловни статистики, 2016
- претходни податоци -


понеделник, 16 октомври 2017


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, деловните субјекти, во рамките на
структурните деловни статистики, во 2016 година реализираа 3.0% поголем промет и 7.0% зголемена додадена
вредност во однос на претходната година.


55 308 предоминатно пазарно ориентирани деловни субјекти со ангажирани 375 129 вработени лица остварија
вкупен промет од 1 107 197 милиони денари и додадена вредност од 246 489 милиони денари.


Најголемиот дел од претпријатија му припаѓаат на секторот Трговија на големо и на мало (41.0%), во кој со
ангажирани 26.0% од вкупно вработените и се реализира 42.9% од вкупниот промет, односно 24.0% од
вкупната додадена вредност.


Најголем дел од вработените се ангажирани во секторот Преработувачка индустрија - 30.6%, во кој се создава
26.4% од вкупната додадена вредност. Значително учество во додадената вредност имаат и секторите
Градежништво 11.1%, Транспорт и складирање 8.6% и Снабдување со електрична енергија, гас и пареа 7.1%.


Микропретпријатијата со помалку од 10 вработени доминираат (90.3%), речиси половината од нив се од
областа на трговијата. Со ангажирани 32.8% од вкупно вработените, создале 22.0% од вкупната додадена
вредност. Од друга страна, во големите претпријатија (0.3%), главно од секторот Преработувачка индустрија,
се ангажирани 24.1% од вкупниот број вработени, со остварени 34.2% од вкупната додадена вредност во
рамките на деловниот сектор.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика