Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Структурни деловни статистики


Структурни деловни статистики, 2016
-дефинитивни податоци-


петок, 09 март 2018


Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во 2016 година, деловните субјекти, во рамките
на структурните деловни статистики, реализираа 4,3% поголем промет и 7.8% зголемена додадена вредност во однос
на претходната година.


Предоминантно пазарно ориентираните деловни субјекти (55469) со ангажирани 378 737 вработени лица, остварија
вкупен промет од 1 121 017 милиони денари и додадена вредност од 248 289 милиони денари.


Претпријатијата од секторот Трговија на големо и на мало и секторот Преработувачка индустрија учествуваат со
повеќе од две третини во вкупниот промет (69,1%), а по нив следат секторите Градежништво со 8,2%, Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Транспорт и складирање со 5,9%.


Најголем дел од вработените се ангажирани во секторот Преработувачка индустрија 30.7% во кој се создава 26.5%
од вкупната додадена вредност. Секторот Трговија на големо и мало ангажира 26,0% од вкупно вработените кои
создаваат 24.0% од вкупната додадена вредност. Значително учество во додадената вредност имаат и секторите
Градежништво 11,3%, Транспорт и складирање 8,5% и Снабдување со електрична енергија, гас и пареа 7,0%.


Доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90.3%), а речиси половината од нив се од областа
на трговијата. Со ангажирани 32,6% од вкупно вработените, создале 21,2% од вкупната додадена вредност. Од друга
страна, во големите претпријатија (0.3%), главно од секторот Преработувачка индустрија, се ангажирани 24,6% од
вкупниот број на вработени, со остварени 35,3% од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика