Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Структурни деловни статистики


Структурни деловни статистики, 2018 година - претходни податоци -

петок, 18 октомври 2019


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, деловните субјекти,  анализирани во рамките на структурните деловни статистики, во 2018 година реализираа 8.6 % поголем промет и 7.2 % зголемена додадена вредност во однос на претходната година. 58 245 пазарно ориентирани деловни субјекти од областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности оствариле вкупен промет од 1 305 385 милиони денари и додадена вредност од 280 633 милиони денари. За ангажираните 395 078 вработени лица, издвоени биле 137 979 милиони денари.

Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 41.0 %, а по него следат секторот Преработувачка индустрија со 28.1 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 7.1 %, Градежништво со 6.5 % и секторот Транспорт и складирање со 5.8 %.

Секторот на преработувачка индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 28.0 %, следен од секторот Трговија на големо и на мало со 23.6 %. Значително учество во додадената вредност имаат и секторите Градежништво со 9.6 %, Транспорт и складирање со 8.0 % и Информации и комуникации со 7.3 %.

Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90.6 %), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 31.9 % од вкупно вработените, тие создале 21.3 % од вкупната додадена вредност. Од друга страна, големите претпријатија со учество од само 0.3 %, но со ангажирани 25.8 % од вработените, создаваат најголема додадена вредност од 36.7 % во рамките на деловниот сектор, и тоа главно во секторот Преработувачка индустрија со 15.1 %.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 23295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика