Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Структурни деловни статистики
Структурни деловни статистики, 2011 - претходни податоци
четврток, 27 декември 2012
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во 2011 година, во рамките на Нефинансискиот сектор, активни биле 53645 деловни субјекти во кои биле вработени 342233 лица. Во овие деловни субјекти е остварен вкупен промет од 924227 милиони денари и додадена вредност од 211464 милиони денари. Најголемо е учеството на деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало ( 45.6%) каде што биле вработени 25.8% од вкупниот број на вработени. Во рамките на овие субјекти е остварен промет од 379683 милиони денари, односно 41.1% од вкупниот промет. Во секторот Преработувачка индустрија, кој претставува 13.2% од активните деловните субјекти во 2011 година, биле вработени 33.7% од вкупниот број на вработени лица, а во него се остварени 27.9% од вкупниот промет. Во вкупната додадена вредност, пресметана според трошоците за факторите на производството, во 2011 година, најголемо учество имале претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија (26.0%), а потоа следат секторите Трговија на големо и на мало (24.4%), Градежништво (8.6%), Информации и комуникации (8.5%), Транспорт и складирање (8.4%) и секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.6%). Најмал придонес во додадената вредност имал секторот Дејности во врска со недвижен имот (1.7%).
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 680
е-пошта:
snezana.sipovic@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика