Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Слободни работни места, прво тримесечје, 2013 година

понеделник, 03 јуни 2013


Aнкетата за слободни работни места има за цел да се добијат информации за слободните работни места во
претпријатијата во Република Македонија кои се важни за следење на макроекономските движења и политики
на пазарот на трудот.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2013 година, стапката на
слободните работни места изнесува 1.11%.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Ѓ - Градежништво и изнесува 2.50%, додека најмала
е стапката во секторот Ј - Дејности во врска со недвижен имот и во секторот Г - Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација каде што стапката изнесува 0.29%.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која
изнесува 1.29%.
Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.03%.
Најголем број на слободни работни места, односно 972, има во петтата група на занимања - Работници во
услужни дејности и продажба.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 627

е-пошта:  elena.petreska@stat.gov.mk;  jane.mirceski@stat.gov.mk
  




© Државен завод за статистика