Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2024 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи на странските пазари на месечно ниво се повисоки за 0.5 %, а на годишно ниво за 6.5 %.
Во декември 2024, во споредба со ноември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.0%, а во секторот
Преработувачка индустрија за 0.4 %.
Во декември 2024, во споредба со декември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 17.8 %, а во секторот
Преработувачка индустрија за 6.0%.