Производителите на индустриски производи, своите производи ги пласираат на домашниот и на странскиот
пазар. Со пресметката на индексот на цените на производителите на индустриски производи на домашен пазар,
се покрива само едниот сегмент од пласманот на производството. Со цел да се овозможи увид во движењето
на цените и на вториот сегмент, пласманот на индустриските производи на странски пазари, Државниот завод
за статистика на Република Македонија, започнува со пресметка и на индексот на цени на производителите на
индустриски производи на странски пазари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2012, продажните цени на производителите на
индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0.6% на месечно ниво, а за 1.1% на годишно ниво.
Во јуни 2012, во споредба со мај 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на
странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4.6%, а во секторот Преработувачка
индустрија се повисоки за 1.1%.
Во јуни 2012, во споредба со јуни 2011, продажните цени на производителите на индустриски производи на
странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.6%, а во секторот Преработувачка
индустрија се повисоки за 1.8%.