Електрична енергија, февруари, 2013
Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2013 година, во Република Македонија,
бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 764 184 МWh, што во споредба со истиот
месец од претходната година претставува пад од 17.38%.
Во бруто-домашната потрошувачка нето-увозот учествуваше со 18.41%, додека бруто-домашното производство
со 81.59%.
Природен гас, февруари, 2013
Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2013 година, во Република Македонија,
вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 33.763 мил.mn3, што во споредба со увозот во истиот период од
претходната година претставува пад од 2.66%.
Најголема потрошувачка на природен гас во февруари 2013 година е забележана за енергетски трансформации
во износ од 89.24%, додека за финална потрошувачка се потрошени 10.42% од вкупно расположливиот
природен гас.