Електрична енергија, септември 2013
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013 година, во Република Македонија,
бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 582 984 МWh, што во споредба со истиот
месец од претходната година претставува пад од 4.2%.
Во бруто-домашната потрошувачка, нето-увозот учествуваше со 42.9%, додека бруто-домашното производство
со 57.1%.
Природен гас, септември 2013
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013 година, во Република Македонија,
вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 2.395 мил.mn3 што во споредба со увозот во истиот период од
претходната година претставува пад од 17.7%.
Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествуваше со 3.4%,
додека финалната потрошувачка со 96.1%.