Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, февруари 2013

понеделник, 15 април 2013


Производителите на индустриски производи своите производи ги пласираат на домашниот и на странски
пазари. Со цел да се овозможи увид во движењето на цените на домашниот и на странски пазари, Државниот
завод за статистика започна со пресметка на индексот на цените на производителите на индустриски производи,
вкупно.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2013, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.5% на месечно ниво, а за 0.1% на годишно ниво.
Во февруари 2013, во споредба со јануари 2013, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.4%, во секторот Преработувачка
индустрија за 0.5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се на исто
ниво.
Во февруари 2013, во споредба со февруари 2012, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5.4%, во секторот Преработувачка
индустрија се пониски за 1.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
се повисоки за 14.9%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 858

е-пошта:  lefterija.kalevska@stat.gov.mk  elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk
  




© Државен завод за статистика