Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1.6 % на месечно ниво, а за 9.6 % на годишно ниво.
Во мај 2021, во споредба со април 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 1.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0.4 %.
Во мај 2021, во споредба со мај 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 28.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 8.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 12.5 %.