Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1.9 % на месечно ниво, а за 11.8 % на годишно ниво.
Во јуни 2021, во споредба со мај 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 1.5 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3.4 %.
Во јуни 2021, во споредба со јуни 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 34.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 10.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 13.1 %.