Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1.8 % на месечно ниво, а за 16.4 % на годишно ниво.
Во октомври 2021, во споредба со септември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3.5 %, во секторот Преработувачка индустрија за 1.3 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6.4 %.
Во октомври 2021, во споредба со октомври 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 22.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 14.8 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 33.5 %.