Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2022 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1.7 % на месечно ниво, а за 16.4 % на годишно ниво.
Во јануари 2022, во споредба со декември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.0 %, а се повисоки за 2.1 % во секторот
Преработувачка индустрија и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Во јануари 2022, во споредба со јануари 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 21.7 %, во секторот Преработувачка
индустрија за 14.2 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 45.9 %.