Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2022 година, продажните цени на производителите на
индустриски производи, вкупно, се повисоки за 5.1 % на месечно ниво, а за 20.3 % на годишно ниво.
Во март 2022, во споредба со февруари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.5 %, во секторот Преработувачка индустрија за
5.2 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7.2 %.
Во март 2022, во споредба со март 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 15.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за
18.7 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 54.4 %.