Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 3.7 % на месечно ниво, а за 23.3 % на годишно ниво.
Во април 2022, во споредба со март 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6.8 % и во секторот Преработувачка индустрија за 4.5 %, a во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 11.0 %.
Во април 2022, во споредба со април 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 20.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 22.8 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 35.1 %.