Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2014, продажните цени на производителите на
индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.2% на месечно ниво, а за 2.3% на годишно ниво.
Во април 2014, во споредба со март 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.4%, во секторот Преработувачка индустрија
за 0.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5%.
Во април 2014, во споредба со април 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.4%, во секторот Преработувачка индустрија
за 2.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3.0%.