Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2022, продажните цени на производителите на
индустриски производи, вкупно се повисоки за 0.2% на месечно ниво, а за 19.6 % на годишно ниво.
Во јуни 2022, во споредба со мај 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се
пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.6 %, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија
за 0.2% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.4%.
Во јуни 2022, во споредба со јуни 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се
повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 16.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 19.1 % и во
секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 32.8 %.