Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.6 %, а на годишно ниво се повисоки за 13.3 %.
Во декември 2022, во споредба со ноември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.7 %.
Во декември 2022, во споредба со декември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 13.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 27.2 %.